24.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Претставничкиот дом изгласа импичмент за Трамп

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес изгласа импичмент за претседателот Доналд Трамп, а процесот продолжува во Сенатот кој треба да реши дали да го обвини и да го отповика од функцијата. Тој е отповикан за два чина: злоупотреба на моќта и опструкција на Конгресот.

Како што се наведува, Трамп ја искористил претседателската власт за да добие помош од странска држава, во случајот Украина да започне истрага против неговиот политички ривал пред претседателските избори во 2020 година. Трамп целиот процес го оцени како „лов на вештерки“ од страна на демократите.

Резултатите од гласањето покажаа дека во законодавниот дом на САД постои ненадминлива поделба по партиска линија.По првиот предмет на обвинувањето, злоупотреба на власта, „за“ гласаа 230 конгресмени, додека „против“ беа 197.По вториот предмет, попречување на законот, „за“ гласаа 229 членови, а „против“ беа 198. За утврдување на импичмент беа потребни гласови од најмалку 216 конгресмени.

Двајца демократи, Колин Петерсон и Џеф Ван Дру, гласаа против. Џаред Голден гласаше „за“ по првото обвинение, додека беше против за второто, додека демократката Тулси Габард беше воздржана.

Претходно, само двајца американски претседатели, Ендрју Џонсон во 1868 година и Бил Клинтон во 1998 година, беа отповикани, но и двајцата останаа да ги завршат своите мандати докрај. Ричард Никсон поднесе оставка во 1974 година, без да дочека гласање за импичмент.

Претставничкиот дом објави импичмент, но Трамп и понатаму е претседател на САД. Неговата судбина сега се префрла во Сенатот на американскиот Конгрес, каде специјално оформен суд ќе је разгледа одлуката на Претставничкиот дом по предметите на обвинението, а бранители ќе ја докажуваат неговата невиност. Процесот треба да го води судијата Џон Робертс, претседател на Врховниот суд на САД.

За отстранување на Трамп од должност треба да гласа една третина од сенаторите, или не помалку од 67. Процедурата се определува од лидерите во Сенатот, во кој републиканците се мнозинство. Спикерот на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, синоќа по гласањето укажа дека нема брзање утврдениот импичемент да се префрли во Сенатот, се додека демократите не добијат гаранции за продлабочен и непристрасен суд. И со оние сведоци кои тие побараа лидерот на мнозинството во Сенатот, Мич Меконел, да ги повика да сведочат./Makfax