23.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Малолетничка тешко повредена во сообраќајка во Кавадарци

На крстосница меѓу булеварите Северен булевар и Цветан Димов во Кавадарци вчера се случила сообраќајна незгода во која тешки повреди добило малолетно девојче.

Како што информираат до МВР, во судирот учествувале автомобил „пежо 206“, со струмичка регистарација, управуван од 35-годишник од Кавадарци, и „голф“, со неготински регистарски ознаки, управуван од 23-годишен неготинец.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила малолетничка, патничка во автомобилот „пежо 206“, која веднаш била пренесена во Општата болница Кавадарци.

Увид на местото на настанот извршила полициска екипа од каде работат на разрешување на случајот./Makfax