23.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Екстремистите од Газа испукаа ракета кон Израел

Палестинските екстремисти во Појасот Газа рано утрово испукаа ракета кон јужен Израел, а израелските авиони одговорија со воздушни напади на територијата управувана од Хамас.

Израелската војска соопшти дека противвоздушната одбрана пресретнала ракета истрелана кон градот Сдерот.

Два часа подоцна, последователните воздушни напади ги погодија седиштата на екстремистите во градот Газа. Израелската војска издаде соопштение во кое се вели дека целта е локација за производство на оружје за Хамас.

Ниту една палестинска група не ја презеде одговорноста за ракетирањето.

Израел обично ја обвинува екстремистичката група Хамас за сите напади со потекло од Газа, пренесува агенцијата./Makfax