18.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Уапсени двајца Срби и еден Македонец за убиството во Братислава

Во Унгарија уапсени се двајца Срби поради смртта на Никола Косаниќ (22), кој во неделата беше до смрт претепан во Братислава. Тие се обвинети за соучесништво во убиство.

Третиот напаѓач е македонски државјанин. Како што пишува „Блиц“, тој бил уапсен во Словачка. Сепак, од словачката полиција информираат дека врз македонскиот државјанин сè уште не е покренато обвинение.

Уапсените Срби се на возраст од 21 и 26 години и доколку се докаже вината, ги очекува казна затвор од седум до десет години.

Во неделата околу 5 часот утрото полицијата во Братислава добила повика дека пред Главната пошта во центарот на градот лежи млад човек без знаци на живот. Итната помош стигнала на лице место и констатирала смрт.

Полицијата објави видеоснимка од надзорните камери на која се гледаат напаѓачите и ги замоли граѓаните да се јават доколку препознаат некој од нив. Нивните фотографии го обиколија регионот, по што следеа апсењата, пишува „Блиц“.