14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Силен земјотрес го погоди подрачјето меѓу Тајланд и Лаос

Силен потрес ноќеска го погоди подрачјето во близина на границата помеѓу Тајланд и Лаос. Според првичните информации, се поминало без поголеми штети.

Американскиот геолошки завод информира дека потресот со магнитуда од 6,1 степен, бил забележан во 6:50 часот, по локално време, на длабочина од 10 километри, на околу 92 километри северозападно од Муанг Нана.

Земјотресот го почувстувало населението на цел северен Тајланд, но и луѓето во високите згради во 600 километри одалечениот Банкок, во јужниот дел од земјата./Makfax