17.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Српскиот претседател Вучиќ итно однесен во болница

Српскиот претседател, Александар Вучиќ доцна синоќа бил примен во болница поради кардиоваскуларни проблеми.

Српскиот претседател бил примен на Воено-медицинската академија во Белград, соопшти Генералниот секретаријат на Претседателот на Србија, а веста рано наутро ја објавија сите српски медиуми.

На Вучиќ вчеравечер нагло му се слошило откако беше на разгледување на проектот „Белград на вода, по што одговараше на новинарски прашања, па сега ќе остане под надзор на докторите додека не му се подобри ситуацијата.