14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Илустрација/Pixabay
СВЕТ

Моралес доби азил во Мексико

Мексико го одобри барањето на поранешниот боливиски претседател Ево Моралес за азил, изјави синоќа мексиканскиот министер за надворешни работи Марсело Ебрард.

„Веднаш ќе го информираме Министерството за надворешни работи на Боливија дека, според меѓународното право, мора да му овозможи на Моралес слободно да излезе од земјата“, рече Ебрард.

Боливискиот претседател Ево Моралес пред два дена соопшти дека поднесува оставка за „доброто на земјата“ , откако командантот на вооружените сили тоа го побара од него.Моралес повика на итни разговори со опозицијата заради повеќенеделните немири кои ја потресуваат оваа земја.

Најавата за демисија од функцијата доаѓа откако командантот на боливиските вооружени сили Вилијамс Калиман апелираше до Моралес да ја напушти функцијата за да се обезбеди мир во земјата. Вооружените сили на Боливија претходно соопштија дека наредиле воздушни и копнени операции за „неутрализација“ на вооружените групи кои делуваат надвор од законот./Makfax