18.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Штајнмаер: Германија немаше да се обедини без Горбачов

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер се заблагодари денес во писмото што го упати до поранешниот советски лидер Михаил Горбачов за неговата улога во обединувањето на Германија.

Штајнмаер изрази жалење поради сегашната состојба на европско-руските односи, спроти 30-годишнината од падот на Берлинскиот ѕид.

Германскиот претседател напиша дека мирното обединување на Германија и крајот на европските поделби не би било можно без храбрите и хумани одлуки што лично ги донесе Горбачов.

Штајнмаер рече дека не се исполнети сите надежи од пред три децении.

„Она што најмногу ме боли е состојбата со германско-руските и европско-руските односи“, рече Штајнмаер, додавајќи дека е важно да не се препушта на отуѓувањето што расте во последните години“./Makfax