14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Курдите: Турција не го почитува договорот за прекин на огнот

Командата на сириските Курди соопшти дека Турција не се придржува кон договорот за прекин на огнот и дека не ја прекинала опсадата на клучниот град во североисточна Сирија, Рас ал-Аин.

Сириските демократски сили го повикаа потпретседателот на САД, Мајк Пенс, кој посредуваше во договорот со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, да влијае врз Турција за да го испочитува петдневниот договор за прекин на огнот.

АП наведува дека пограничниот град е тест за спроведување на договорот, кој предвидува повлекување на курдските сили од областа.

Опозициската Сириска опсерваторија за човекови права, со седиште во Велика Британија, соопшти дека сириските бунтовници, поддржани од турските сили, вчера спречиле конвој со медицинска помош да влезе во Рас ал-Аин./Makfax