22.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Продемократските пратеници бараат оставка од лидерката на Хонгконг

Продемократските пратеници во Хонгконг ја повикаа лидерката Кери Лам да се повлече од функцијата за време на собраниска седница која повеќе пати беше одложена бидејќи неколку политичари беа исфрелени од Собранието.

Веќе втор ден владее хаос во законодавниот дом во Хонгконг, додека Лам се обидува да одговора на прашања за нејзината политика. Таа вчера беше принудена да одговора преку видео-врска поради слични немири во Собранието.

Превирањата во законодавната власт ја потенцираат растечката политичка поделеност во градот, а не се гледа крајот и на често насилните антивладини протести кои беа поттикнати од контроверзниот закон за екстрадиција на осуденици во Кина, кои подоцна прераснаа во широко продемократско движење.

Маскирани напаѓачи вчера со ножеви и чекани го нападнаа лидерот на една од најголемите продемократски групи во област под кинеска контрола. Организавијата за човекови права „Амнести Интернешнл“ ги повика властите да го истражат нападот кој го оцени како застрашувачки.

Демократските пратеници повикуваат на оставка на Кери Лам затоа што, како што велат, таа има крв на рацете./Makfax

Спонзорирано: