23.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Најмалку 13 повредени во експлозија на бомба на авганистанскиот универзитет „Газни“

Најмалку 13 лица се повредени во експлозија на бомба на универзитетот „Газни“ во централниот дел на Авганистан, изјави Захир Шах, шеф на провинциската здравствена дирекција.

Шах рече дека повредените биле универзитетски студенти и дека сите биле однесени во болница. Подоцна, цивилен извор во медицинска установа соопшти дека вкупно 15 повредени студенти, 13 жени и две машки лица, биле пренесени во градската болница во Газни.

Експлозијата се случила околу 10:00 часот утрото по локално време во предавална на Факултетот за литература „Дари“./Makfax