22.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Меркел: Договор за брегзит само ако Велика Британија ја остави Северна Ирска во царинската унија

Германската канцеларка Ангела Меркел му порача на британскиот премиер Борис Џонсон дека е „малку веројатно“ да се постигне договор за брегзит, освен ако Велика Британија не ја остави Северна Ирска во царинската унија.

„Меркел рече дека Германија би можела да ја напушти ЕУ без никакви проблеми, доколку сака, но дека Велика Британија не би можела да го стори тоа доколку Северна Ирска не остане во царинската унија“.

Меркел исто така рече дека смета дека ЕУ има право на вето за излегување на Велика Британија од царинската унија.

Според „Ројтерс“, разговорот „поставил нова позиција што значи дека е невозможно да се постигне договор за брегзит сега или во иднина“./Makfax