10.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Костадинов: Мицкоски ангажира советник кој навредува пратеници, оправдува насилство и брани насилници

Додека целата држава беше вознемирена од нападот на Собранието на 27 април, советникот на Мицкоски и син на Саво Климовски, Александар Климовски, јавно ги бранеше насилниците кои упаднаа во Собранието. Во директен пренос, додека насилството се уште траеше, Климовски во телевизиско гостување поттикнуваше насилство и ги навредуваше пратениците на СДСМ и коалицијата. Додека имаше обид за терористичко загрозување на уставниот поредок, Климовски ги нарече пратениците на СДСМ „малоумни“ со „малоумна реакција“. Додека физички беа напаѓани пратеници, новинари и вработени во Собранието, Климовски го нарече претседателот Заев, „политички аматер“ за кого треба цитирам: „одредена терапија и соодветна дијагноза за тој човек“, изјави на денешната прес-конференција портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

Костадинов рече дека ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ.

Христијан Мицкоски цврсто гази по стапките на неговиот ментор Никола Груевски. Со вакви соработници, Мицкоски не може да понуди ништо освен обнова на режимот, обнова на криминалот, насилството и поделбите. Луѓето околу Мицкоски не се ниту нови, ниту професионални. Тоа се луѓе кои во минатото многупати промовирале насилство, поделби и деструкции. Додека граѓаните, државата се движат на прав пат, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ остануваат на кривиот пат на Груевски полн со насилство, омраза, поделби и нејазнивост, рече Костадинов.