24.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Хаос во Еквадор: Демонстрантите палат и крадат сè што ќе стигнат

Демонстрантите во Еквадор ги блокираа улиците, се судрија со полицијата и крадеа додека протестираа поради укинување на субвенциите за гориво.

Демонстрациите запалија гуми и ги блокираа улиците со гранки стебла, објави дневникот „Ел Комерцио“. Десетина камиони ги блокираа улиците.

Протести има и на други места во земјата, а домашните жители крадат во фабриките за млеко и на фармите за цвеќе. Автохтоното население презеде водство во протестите во покраината Котопакси за време на викендот, блокирајќи ги улиците во неколку региони, а објавено е дека пораснала цената на превозот и храната.

Во четвртокот пораснаа цените на горивата повеќе од двојно, по што Владата ги укина субвенциите на горивото, кои постојат веќе 40 години, со објаснување дека тие ја нарушуваат економијата на земјата./Makfax