17.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Гром удрил во приватниот авион на „Сакраменто кингс“

Приватниот авион на „Сакраменто Кингс“ кој летал од Индија за Англија го удрил гром при слетувањето на аеродромот во Лондон, пренесува ЕСПН.

Во авионот биле Владе Дивац, Пеџа Стојаковиќ и останати членови од управата на кошаркарскиот клуб, како и претставници на медиумите.

За среќа, никој не е повреден, а авионот слетал без проблеми.

Во авионот не биле членовите на стручниот штаб како и кошаркарите, меѓу кои српските играчи Игор Кокошков, Богдан Богдановиќ и Немања Бјелица, кои патувале со авионот на раперот Дрејк./Makfax