23.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Пукање во трговски центар во Финска, едно лице загина

Едно лице загина, а најмалку девет лица се повредени во пукање што се случило во трговски центар во Финска во градот Куопио. Едно лице е уапсено.

Полицијата потврди дека пукањето се случило, но не се познати детали.

Според финските медиуми, полицијата морала да употреби оружје, а едно лице е уапсено.

Трговскиот центар е поврзан со училиште, а во зградата има и радиско студио.