19.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Жените во Иран се изборија да гледаат фудбал на стадиони

На жените во Иран ќе им биде дозволено да одат на стадиони и да ја гледаат машката фудбалска репрезентација.Министерот за спорт Масуд Солтанифар изјави дека се направени сите неопходни подготовки за да можат жените да дојдат на фудбалските стадиони и да следат меѓународни натпревари.

На стадионот „Азади“ во Техеран, каде Иран ги игра повеќето од своите натпревари на квалификациите за Светското првенство од следниот месец, подготвени се одделни влезови, трибини и тоалети.Ќе биде ангажирана и дополнителна полиција за да се обезбеди жените да можат безбедно да влезат и да го напуштат стадионот.

На жените во Иран веќе четири децении им е забрането да присуствуваат на фудбалски натпревари.Иранка неодамна се запали со бензин откако била приведена поради тоа што се облекувала како маж за да може да влезе на фудбалски стадион за да гледа натпревар. Таа се запалила откако сфатила дека може да помине шест месеци во затвор поради направениот прекршок.

Старотната смрт на 29-годишната Сахар Кодајари, која се запали откако беше приведена, ги шокираше иранските власти и јавноста. Веста доаѓа во период кога ФИФА работи со иранските власти да се укине за забраната за жени за следење на спортски наппревави на стадионите, којашто е на сила 1979 година.

Спонзорирано: