Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Две семејства настрадаа во пожар во зграда во Сибир

Осум лица, меѓу кои и четири деца, загинаа во пожар во станбена зграда во сибирскиот град Краснојарск, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации. Во пожарот настрадале обвинителот Василиј Федорцов од блискиот град Лесосибирски и неговото семејство, како и семејството на сестра му.

Пожарот избувнал синоќа околу 22.30 часот на третиот кат од една станбена зграда, а пожарникарите на терен излегле осум минути по повикот.

Спонзорирано: