24.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Кенија воведe вакцини против маларија

Кенија денес воведе вакцина против маларија за рутинска имунизација на деца до две години, што ја прави трета земја во Африка која вовела вакцина против болест од која едно дете умира на секои две минути во светот.

Маларијата е болест најопасна за деца под пет години, а вакцината е најзначајна затоа што другите мерки, како што се мрежи против комарци, не се покажаа соодветни, изјави за „Ројтерс“ генералниот директор на Министерството за здравство во Кенија, Векиса Масасаби.

„Сè уште имаме 27 проценти од децата заразени со маларија“, рече Масасаби.

Гана и Малави веќе започнаа пилот-програма за воведување на вакцината претходно оваа година.