22.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Pixabay
СВЕТ

Пари од криминална истрага ќе бидат издвоени за Амазонија

За заштита на Амазонија, Бразил ќе издвои една милијарда реали ( 245 милиони американски долари), објави претседателот на бразилскиот Сенат, Дави Алколумбре, кој соопшти дека потпишал договор со Врховниот суд со кој ќе бидат одвоени пари што се запленети во истрагата „Миење автомобили“.

Операција „Миење автомобили“ е истрага што се води од 2014 година против полудржавната бразилска нафтена компанија „Петробрас“ поради корупција.

Бразилските власти беа критикувани во странство за нивната слаба реакција на пожарите што беснеат во „Амазонија“, што се смета за последен бедем во одбраната против климатските промени.