18.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Маж во БиХ за 100.000 евра нарачал убиство на својот брат

Полицијата во Босна и Херцеговина уапси маж кој е обвинет за нарачано убиство за својот брат за сума од 100 илјади евра, пренесоа локалните медиуми.

Полицијата соопштила дека 55-годишниот маж ангажирал лице од подрачјето на Херцеговско-неретванскиот Кантон за 100.000 евра да го ликвидира неговиот брат и да го повреди неговиот внук така што тој би останал инвалид.

Полицијата при претрес на објект во сопственост на уапсениот нашла десет мобилни телефони, компјутерска опрема, оружје, муниција и други предмети користени за подготовка на убиството.