12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Помпео: Иранскиот танкер плови кон Сирија

Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека иранскиот танкер Адријан Дарија се упатил кон Сирија.

„Имаме сигурни информации дека танкерот е на пат кон пристаништето Тартус во Сирија. Се надевам дека ќе го смени курсот“, напиша Помпео на „Твитер“.

Американското Министерство за финансии го стави иранскиот танкер Адријан Дарија на црна листа, а неговиот капетан под санкции.