23.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Лајчак до Србија: Ако сакате во ЕУ, ова не е патот

Шефот на словачката дипломатија, Мирослав Лајчак, упати остра порака кон Србија дека доколку сака да продолжи на патот кон ЕУ, би требало да ги следи политичките избори кои ја приближуваат кон тоа.

Тој реагираше по повод најавеното потпишување на договорот за слободна трговија со Евроазиската Унија, зад која стои Русија, пренесе „Б92“.

„Ако сте сериозни во својата европска насока, тогаш следете ги политичките избори кои ве приближуваат кон тоа. Овој чекор не е еден од нив“, порача Лајчак.

Србија на 25 октомври би требала да го потпише трговскиот договор со Евроазиската економска унија, а договорот за слободна трговија помеѓу Србија и Русија постои од 2000 година.