17.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Напад на ноќен клуб во Мексико, убиени 26 луѓе

Најмалку 26 луѓе се убиени, а повеќе од десет се ранети во напад на ноќен клуб во градот Коацакоалкос, во Мексиканскиот Залив.

Во нападот учествувале повеќе луѓе, а главен осомничен е криминалец, кој во јули бил уапсен и на кого му бил одреден притвор, но подоцна државниот обвинител го ослободил.

Во соопштение од полицијата во државата Веракруз се наведува дека бил нападнал клубот „Бел коњ“, кој се рекламирал дека пружа „квалитетна и безбедна услуга со издавање соби, по цена од седум и пол долари за една ноќ, секси девојки и натпревар во танц на шипка“.

Гувернерот на државата Веракруз изјавил дека полицијата и новоформираната Национална гарда трагаат по напаѓачите. Јавниот обвинител потврдил дека главниот осомничен бил апсен двапати, но дека не го ослободил тој, туку федералниот обвинител.

Спонзорирано: