22.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот во Кабул

Исламска држава ја презеде одговорноста за бомбашкиот напад на свадбена веселба во Кабул, во кој беа убиени 63 лица, а 182 повредени.

Според информациите, одговорноста ја презеде огранок на ИД во Авганистан. Талибанците од претходно негираа вмешаност во нападот.

Нападот се случи во време кога талибанците и САД преговараат за договор со кој се предвидува повлекување на американските сили од Авганистан во замена талибанците да се посветат на мировните преговори со Владата во Кабул.