11.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Претседателот на Аргентинa ги намали даноците на приход на работниците

Вчера аргентинскиот претседател Маурисио Макри објави дека ќе ги зголеми субвенциите во областа на социјалната заштита и ќе ги намали даноците на приход на работниците, како дел од пакет-мерките наменети за ублажување на ефектите од економската криза во земјата.

Цените на бензинот ќе бидат замрзнати 90 дена како дел од најавениот пакет-мерки.

Претседателот на Аргентина, исто така, рече дека е свесен за финансиските тешкотии со кои се соочуваат граѓаните додека „се фаќаат во костец“ со рецесијата и стапката на инфлација од дури 55 проценти.