10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Pixabay
СВЕТ

Непалските власти ќе го наплаќаат спасувањето на планинари од Монт Еверест

Непалската влада објави нови правила за планинарите кои се искачуваат на Монт Еверест, кои уследуваат по низа несреќи што на „покривот на светот“ се случија во текот на оваа сезона, објави Би-би-си.

Од сега пред да се упатат кон врвот, планинарите ќе мора да минат соодветна обука, да имаат лекарско уверение за добра здравствена состојба и осигурување кое ќе ги покрие евентуалните трошоци за нивно спасување.

Меѓудругото, пред да добијат дозвола за искачување на Еверест, планинарите ќе мора прво да совладаат врв од 6.500 метри надморска височина. Монт Еверест, највисокиот врв во светот, е висок 8.848 метри.

Покрај горенаведените мерки, планинарите ќе мора со себе да поведат и искусен водич.

Оваа пролет девет планинари настрадаа на непалската страна од Монт Еверест, што ја прави 2019 една од најсмртоносните години на Хималаите.

Владата на Непал е изложена на многобројни критики, кои главно произлегуваат од преголемиот број на издадени дозволи за искачување.