14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

На сопственикот и на капетанот на бродот од Хвар им се заканува казна затвор од 8 години

Сопственикот и капетанот на бродот на кој едно лице почина во Хвар поради труење со јаглерод моноксид и две деца се животозагрозени беа уапсени во средата затоа што пет дена пред трагедијата неправилно вградиле агрегат во машинското одделение на бродот, што довело до истекување на токсичен гас, објави хрватската полиција.

Станува збор за бензински генератор што се користи во градежништвото и на отворено и е забранет за пловни објекти на кои не се користи ништо со бензин, бидејќи е запалива супстанција.

На уапсените им се заканува казна затвор од осум години.