24.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Јанушев: Не можел Боки да знае кој ќе биде ослободен без да добива информации од врвот на власта

Боки е само извршителот на еден поголем и покомплексен систем кој е управуван директно од врвот на власта, тврди Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

Тој на прес-конференција рече дека ниту Боки, ниту Кичеец можеле да знаат како ќе се одвиваат постапките пред судот и кој ќе биде ослободен, а кој ќе заврши во затвор, ако за тоа директно не добиле информација од врвот на власта.

„Еден месец ЈО молчи и наместо да ги гони нарачателите во случајот Рекет одмараат. Катица Јанева, без која слушанавме од разговорите објавени во Ла Верита и не би бил можен милионскиот рекет, наместо во притвор се шета по плажи. Русковска со недејствувањето и непритворањето на Јанева овозможи со своето неделување можност Јанева да уништува докази и да влијае на сведоци. Русковска мора да сноси одговорност за пропустите и просторот што и го отвори на Јанева, но и за другите замешани да влијаат на сведоци и уништуваат докази. Јанева и СЈО се алатката преку која е вршен рекетот, кој без директна поддршка од власта не би бил можен“, рече Јанушев.