23.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТ

Ирачка мигрантка паднала на тестот за швајцарско државјанство откако напишала „ух“ над 200 пати

Ирачанка паднала на тестот за швајцарско државјанство откако одговорила со „ух“ над 200 пати и покрај тоа што со години престојувала во земјата и тврди дека зборува германски, пренесува швајцарската публикација Blick.ch. Ирачанката живее со сопругот, на кој му било доделено државјанство по два обиди за полагање на тестот.

Мигрантката, за која е познато дека се занимава со добротворни работи во нејзината локална заедница, живее во Ингенбол во кантонот на Швиз веќе 20 години. Според локалните медиуми, жената – мајка на две деца – има неопходно социјално и политичко знаење за да добие државјанство, но нејзиното познавањњ на германскиот јазик е крајно недоволно.

Снимките од нејзиниот тест за државјанство откриле дека Ирачанката одговорила со „ух“ вкупно 204 пати. Неуспехот не ја спречил жената, која поднела тужба во швајцарскиот Федерален суд, бидејќи таа тврди дека снимките од тестот биле направени без нејзина согласност.

Во пресудата на федералниот судија се наведува дека дипломата за познавање јазик на Ирачанката од Центарот за стручно оспособување „Фафикон СЗ“ не е доволна и пред повторно да се пријави за државјанство треба да го подобри своето познавање на швајцарскиот германски јазик.

При донесувањето на пресудата, судијата се согласил дека постои загриженост во врска со снимките, но потврди дека властите имале овластување да ги направат.

Соодветни јазични вештини отсекогаш биле неопходни за швајцарско државјанство, но барањата се разликуваат во зависност од кантонот. Според измените донесени во 2018 година, сега постои потребно минимално ниво на познавање на јазиците.
Кандидатите мора да покажат способност за пишување на ниво на А2 (основно) за пишување и Б1 (средно) за говорење според Заедничката европска референтна рамка за јазиците.

Кантоните исто така имаат овластување да постават повисока граница ако одлучат.

Еден од пет жители во Швајцарија е роден во странство – највисоката стапка во Европа по Луксембург, според swissinfo.ch. Скоро 2,1 милиони странци живееле во Швајцарија на крајот на 2018 година, според швајцарскиот Федерален завод за статистика.