16.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

„Фејсбук“ ќе им плаќа милиони долари на медиумите за да ги користи нивните вести

„Фејсбук“ нуди милиони долари на производителите на вести за да ја користи нивната медиумска содржина во секцијата вести, која компанијата се надева дека ќе ја почне на крајот на годината.

Претставници на „Фејсбук“ рекле дека се подготвени да платат и до три милиони долари годишно за лиценца за комплетни текстови, наслови и преглед на текстовите. Извори упатени во темата наведуваат дека меѓу изворите на вести со кои „Фејсбук“ сака да соработува се „Еј-би-си њуз“ на Волт Дизни, сопственикот на „Вол Стрит џурнал“, Доу Џонс, „Вашингтон пост“ и „Блумберг“, пишува „Вол Стрит џурнал“.

Плановите на оваа компанија се откриени во моменти кога се соочува со сè повеќе критики, поради нејзината улога во борбата со медиумската индустрија да собере што повеќе приходи од огласувањата. „Фејсбук“ и „Гугл“ минатата година заработиле 60 отсто од сите приходи од дигитално огласување во САД.

Договорот за лиценца за вести меѓу „Фејсбук“ и медиумите ќе трае три години. „Фејсбук“ планира да почне секција за вести во текот на есента. Сè уште не е познато дали некоја медиумска куќа прифатила да лиценцира своја содржина за „Фејсбук“.

Спонзорирано: