16.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТ

САД воведоа санкции за иранскиот министер за надворешни работи

Aдминистрацијата на американскиот претседател, Доналд Трам, објави дека вовела санкци за иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф, со цел дополнителен притисок врз земјата.

Министерството за финансии на САД соопшти дека санкции се воведени поради тоа што Зариф дејствувал во име на иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи.

Како што се наведува, санкциите на Зариф се главно симболични бидејќи нему ќе му биде оневозможено да патува во Обединетите нации.

По санкциите, Зариф се огласи со порака на „Твитер“ дека не поседува имот надвор од државата и додаде дека тој и неговото смејство не се погодени со санкциите.

Спонзорирано: