22.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Девојка падна од авион среде лет, почина на лице место

Британската студентка Аланда Катленд загина откако паднала од авион цесна за време на студиско патување во Мадагаскар.

Полицијата соопшти дека таа испаднала од авионот десет минути по полетувањето, кога леталото било на висина над 1.000 метри.

Како што наведува „Индипендент“, локалната полиција истражува дали студентката од Кембриџ сама ја отворила вратата и скокнала од авионот.

Според наводите на весникот, пилотот и другата патничка во авионот се обиделе да ја вратат девојката во внатрешноста на леталото држејќи ја за нога, но не успеале.

Нејзиното тело сè уште не е пронајдено.

Спонзорирано: