Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Сеул: Пјонгјанг лансира балистички ракети

Проектилите што утрово ги лансира Северна Кореја се балистички ракети, соопшти Генералштабот на армијата на Јужна Кореја и додаде дека ракетите летале околу 250 километри.

Министерот Јонг Kyонг-ду изјави дека ракетите се разликуваат од оние што претходно биле лансирани.

Пјонгјанг денеска лансира неколку неидентификувани проектили од полуостровот Ходо, во провинцијата Хамџонг.
Лансирањето се случува шест дена откако Северна Кореја лансира во Источното Море две балистички ракети од краток дострел.

Спонзорирано: