16.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Политичари, правник и полицаец уапсени во акција против мафијата

Седумнаесет лица, меѓу кои и истакнати локални политичари и полицаец, беа уапсени во голема операција на италијанската полиција против мафијата Ндрангета од Калабрија.

Полицијата во соопштение посочи дека цел на акцијата била криминалната организација Либри за која се вели дека контролирала неколку населби во градот Реџо Калабрија.

Дванаесет лица се во притвор, а петмина се во домашен притвор, соопшти полицијата, додавајќи дека меѓу уапсените се политичари, бизнисмени, адвокат и член на полициските сили.

Нивните имиња не се објавени. Во соопштението се наведува дека полицискиот службеник е во притвор под обвинение дека се обидувал да му пренесе доверливи информации на регионален политичар.

Новинската агенција „Анса“ објави дека се уапсени истакнатиот политичар Алесандро Николо, регионален советник на екстремно десничарската партија Браќа Италија и главниот регионален советник на централнолевичарската Демократска партија, Себастиано Ромео. Николо е во затвор, а Ромео е во домашен притвор, јави агенцијата.

Спонзорирано: