17.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Британката лажела дека била силувана, ослободени тинејџерите од Израел

Кипарската полиција ја уапси 19-годишната Британка која обвини израелски тинејџери дека ја силувале. Таа признала дека лажела.

Седум Израелци денеска биле ослободени од притвор, додека петмина биле ослободени минатата недела. Адвокат на осомничените, Јоанис Хабарис, најави дека момчињата ќе поднесат тужба против неа.

„Истражните органи утврдиле дека приказната на британската тинејџерка нема смисла“, додал адвокатот.

Извор од полицијата за агенцијата „Асошиејтед прес“ рекол дека девојката признала дека имала однос со осомничените, но дека не била силувана.

Девојката лажела дека била силувана затоа што била лута и навредена поради тоа што некои од момчињата наводно ја снимале.

Вкупно 12 тинејџери беа обвинети за силување, а петмина беа ослободени во вторникот.

Спонзорирано: