10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Русија на удар на тајфун, има закана од поплави

На Русија ѝ се закануваат поплави во текот на месец август, а хидролошката состојба на крајниот исток од земјата ќе биде опасна до крајот на следниот месец.

„Очекуваме ситуацијата да биде сериозна во текот на август. Особено нè загрижуваат малите реки, бидејќи излевањето на големите реки може да се предвиди до седум дена однапред“, изјавил директорот на Метеоролошката служба за крајниот исток на Русија, Вјачеслав Паршин.

Според него, се очекува крајниот руски исток да биде погоден од тајфун во средината на август, што ќе влијае на хидролошката ситуација.

Податоците на руското Министерство за елементарни непогоди укажува дека до денеска поплавени се 158 куќи, 712 домаќинства, 17 делови на автопати, а евакуирани се 740 луѓе.