16.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ги убил таткото, братот и две други лица, уапсен по 12 часа брканица со полицијата

Дваесет и шестгодишно момче од Лос Анџелес ги уби својот татко, брат и уште две лица, а бил уапсен по 12-часовна потера.
Полицијата го идентификуваше осомничениот како Џери Зарагоза.

Според информациите од медиумите, пукотниците почнале во 2 часот по полноќ, по локално време, во станот во кој осомничениот живеел со своите родители.

Како што се наведува, осомничениот 45 подоцна на бензиска убил и некое друго лице што го познавал. Некои медиуми пренесуваат дека се работи за негова поранешна девојка.

Пукал и на вработен на бензиската пумпа, кој, како што се наведува, е во тешка состојба пренесен во болница, а потоа и во човек кој се обидел да ограби банкомат.
Пред да биде уапсен, Зарагоза убил уште еден маж во автобус.

Спонзорирано: