17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Паника во Индонезија, еруптира вулканот на Јава

Вулканот Тангкубан Параху, кој се наоѓа во близина на третиот најголем град во Индонезија, денес проработи и фрлаше пепел неколку стотици метри во воздух, по што е издадено предупредување за опасност, објави „Ројтерс“.

Локалните телевизии емитуваат снимки од автомобили и мотоцикли кои се оддалечуваат од вулканот по патиштата прекриени со пепел.

Агенцијата за помош при катастрофи објави дека туристичкото место во близина е затворено и дека се проценува статусот на предупредување за опасност од вулкан.

Вулканот е околу 30 километри северно од Бандунг, главниот град на провинцијата Западна Јава.