17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Земјотрес со јачина од 5,3 степени ја погоди Јапонија

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска централниот дел на Јапонија, соопшти јапонската Метеоролошка агенција.

Епицентарот на земјотресот бил во округот Чиба, на длабочина од околу 60 километри, пренесе агенцијата ТАСС.

Засега нема податоци за повредени лица или предизвикана материјална штета, а не беше издадено ниту предупредување за цунами.