17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Руска спортистка загина во хеликоптерска несреќа во Италија

Жената која загина во хеликоптерската несреќа во близина на островот Горгона е идентификувана како руската маратонка Екатерина Кархина (28), пренесува весникот „Ил Тирено” .

Според весникот, Кархина патувала заедно со Максим Синчев, кој се води како исчезнат. Синчев бил пилот и сопственик на хеликоптерот.

Kархина постојано се натпреваруваше на маратонските трки во Италија и победи на некои од нив.

Според италијанските медиуми, приватниот хеликоптер на Русите, кој летал од езерото Комо кон Олбија на Сардинија, се урнал во морето во близина на островот Горгона во провинцијата Ливорно, по краткото застанување во провинцијата Маса Карара.

Во тек е истрага за несреќата.