18.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Арсовски: Заев секој ден им кажува лажни вести на граѓаните, затоа сака цензура како во Северна Кореја

Заев вчера упати јасна порака до граѓаните и до новинарството, односно до седмата сила, дека треба што побрзо да замолчат или можно е сите да одат во затвор, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, истакнувајќи дека пресот на премиерот се случил во ист ден кога на распит биле повикани двајца новинари.

„Со вчерашниот план Заев и СДСМ напоменаа дека сакаат да нè направат како Северна Кореја, земја во којашто граѓаните не знаат што се случува во сопствената држава, а не, пак, надвор“, додаде партискиот портпарол додавајќи дека Заев и СДСМ се плашат да бидат откриени за, како што рече, целиот свој криминал.

Арсовски порача дека ако некој треба да се справи со лажните вести, тоа се граѓаните кои секој ден се лажени од Заев и од власта.

„Лажна вест е дека Зоран Заев не знае кои се Кики и Фрики. Лажна вест е дека СДСМ не стои позади рекетот. Лажна вест е дека Курто Дудуш не малтретирал и не тепал и навредувал свои сограѓани. Лажна вест е дека секретарот на Владата на Заев не учествувал во незаконски разговори за тендер тежок 7 милиони евра. Лажна вест е изјавата на Заев дека Македонија лани во јуни доби датум за преговори, односно за почеток на преговори. Лажна вест е дека Заев додека дише нема да го смени уставното име и дека ќе ги штити идентитетот и жицата македонска“, наброја портпаролот на опозициската партија, истакнувајќи дека планот на Заев за диктатура во Република Македонија не смее да успее.

Спонзорирано: