17.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Голем пожар кај Атина, евакуирани монаси

Повеќе од 170 пожарникари учествуваат во гаснењето на пожарот што изби вчера во Асопија, 70 километри северно од Атина. Нивните напори во гаснењето ги отежнува силниот ветер.

Шефот на противпожарната екипа наредил евакуација на двајца монаси од манастирот Цацари Профитис Елиас од превентивни причини, пренесе АНА.

Во гаснењето на пожарот учествуваат и шест камиони, 15 авиони и три хеликоптери. Противпожарната служба соопшти дека пожарот што избувна вчера попладнето поради ветерот брзо се проширил кон шумата и дека причината за неговото избувнување сè уште се истражува.