15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Харадинај планира утре да свика владина седница

Приштинската КТВ пренесува дека косовскиот премиер Рамуш Харадинај, кој вчера беше сослушан во специјалниот суд за воени злосторства во Хаг, планира за утре да закаже седница на Владата, која, како што се наведува, со поднесувањето на оставката самиот ја урна.

КТВ, повикувајќи се на свои извори, наведува дека се работи за антиуставна намера и дека таа седница, доколку биде свикана, ќе се одржи практично една недела откако Харадинај поднесе неотповиклива оставка.

Уставот е јасен по ова прашање, еден од неговите членови кажува дека со оставката на премиерот паѓа и целата Влада, вели телевизијата.

„Доколку премиерот поднесе оставка или од други причини неговата/нејзината положба останува испразнета, владата паѓа и претседателот на Република Косово, во консултации со политичките партии или коалицијата која освоила мнозинство во Собранието, наоѓаат нов кандидат за формирање влада“, вели членот 95 од косовскиот Устав.

Спонзорирано: