20.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Венецуела повторно без струја

Каракас и повеќе од половина сојузни држави во Венецуела вчера останаа без струја, а властите тврдат дека во прашање е електромагнетен напад.

Министерот за информирање, Хорхе Родригез, рекол дека снемувањето на струјата е поврзано со електромагнетни напади, но не изнел докази за тоа. Тој додал дека владата работи на повторно воспоставување на електроснабдувањето.

Струјата на 10 минути се вратила во делови на државата Боливар, каде се наоѓа хидроелектраната Гури, најголем производител на струја во земјата.

Поголемиот дел на Венецуела остана без струја и во март, кога владата за тоа ги обвини опозицијата и САД.