26.8 C
Скопје
23. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Huawei.com
СВЕТ

„Хуавеј“ го демантира „Вашингтон пост“: Немаме деловно присуство во Северна Кореја

„Хуавеј“ нема деловно присуство во Демократската Народна Република Кореја, реагираа од компанијата по објавата на „Вашингтон пост“ дека кинеската технолошка компанија во тајност ѝ помогнала на Северна Кореја да изгради и одржува комерцијална мрежа на безжичен интернет.

Од „Хуавеј“ во демантот додаваат дека тие се целосно посветени на усогласување со сите важечки закони и регулативи во земјите и регионите каде што работи, почитувајќи ги сите закони и регулативи за контрола на извозот и санкциите на ОН, САД и ЕУ.