14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Лашкоска: Аболиран за финансиски криминал ќе стане министер за финансии

Вчера бевме сведоци на етаблирањето апсолутизам во Македонија од страна на Заев, кој се трониса во султан и на премиерската позиција си ја придодаде и функцијата министер за финансии, рече Ане Лашкоска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција.

Притоа таа нагласи дека Заев како аболиран за финансиски криминал и човек што го има на снимки како бара едно евро за Вицето, едно за црквата, од среда ќе стане министер за финансии и ќе располага со парите на граѓаните.

„Од оваа среда семејството Заеви, Зоран Заев и веројатно Вице Заев, ќе имаат управа над 10 клучни институции. Управувањето со ова Министерство директно од страна на Заев значи дека со него тој лично воспоставува контрола и врз институциите како Царината, УЈП, Финансиската полиција, Управата за финансиско разознавање, Секторот за трезорско работење, игрите на среќа, Централниот регистар, Управата за имотно-правни работи, стоковите резерви, управување со јавниот долг, системот за банки и штедилници, системот за девизно работење, системот за ревизија и неколку помали други институции. Ова значи дека безмалку целиот финансиски сектор во државата е чекор поблиску за контролирање од страна на кланот Заеви“, посочи Лашкоска.

Таа додаде дека јавноста со право се прашува дали сите овие институции ќе овозможат непречено да функционира принципот евро за Вицето – евро за црквата, кој, како што рече, бил патентиран во Струмица со Заев како градоначалник.