14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
илустрација
СВЕТ

Мексико испрати 15.000 војници и полицајци на границата со САД

Мексико испрати 15.000 полицајци и војници на границата со САД врз основа на билатералниот договор за спречување на илегалната миграција.

„Распоредивме 15.000 лица од војската и Националната гарда на северот од земјата“, изјави мексиканскиот министер за одбрана, Луис Крезенсио Сандовал, на прес-конференција.

Тој рече дека 6.500 лица се испратени на границата со Гватемала за да се спречи бранот на неколкуте илјади мигранти од централна Америка. Претседателот на САД, Доналд Трамп, кон крајот на мај се закани со царини на увоз на сите производи од Мексико ако земјата не го спречи мигрантскиот бран.