24.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Donald Trump/Offical fan page
СВЕТ

Болтон: Трамп е отворен за преговори, Иран само треба да помине низ отворената врата

Советникот за национална безбедност на САД, Џон Болтон изјави дека претседателот Доналд Трамп е отворен за преговори.

Тој додаде дека сѐ што треба Иран да направи е да помине низ таа отворена врата.

„Едноставно не постои доказ дека Иран донел стратешка одлука да се откаже од нуклеарното оружје“, изјави Болтон.

Изјавата на американскиот советник следи по критиките кои Иран ги упати на сметка на администрацијата на Трамп, а се однесуваа на новите санкции на САД врз иранскиот врховен лидер.

Иранското министерство за надворешни работи соопшти дека таа мерка значи трајно затворање на дипломатијата помеѓу САД и Иран.

Спонзорирано: