22.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Врховната Рада одби да ја распушти украинската влада

Врховната Рада не ја прифати оставката на украинскиот премиер Владимир Гројсман. Оставката на премиерот беше поддржана од 97 пратеници, а минималниот потребен број е 226, пренесува ТАСС.

Така, владата ќе продолжи да ги извршува своите обврски во целосен состав до парламентарните избори. Гројсман пред изборите изјави дека ќе ја прифати одлуката на Радата.

„Ќе ја прифатам секоја одлука со почит. Мојата одлука да поднесам оставка не беше емотивна: таа е став и никогаш не сум ја префрлил одговорноста на никого”, рече тој.

По изборите, Гројсман изјави дека е подготвен да продолжи со работа, истакнувајќи дека земјата моментно се соочува со тешка ситуација.

„На пример, оваа година ќе треба да платиме 15,6 милијарди долари за севисирање на националниот долг, што е една третина од буџетот на Украина”, истакна премиерот.

Тој вети дека ќе ги продолжи започнатите реформи и рече дека овие реформи ќе потраат помалку време ако парламентарните фракции се приклучат и гласаат.

Гројсман ја објави својата одлука да поднесе оставка на 20 мај, откако украинскиот претседател Владимир Зеленски на инаугурацијата изјави во обраќањето до украинскиот народ дека владата треба да се распушти.

Според Уставот на Украина, владата автоматски поднесува оставка откако ќе биде избрана новата Врховна Рада, а не по изборот на нов претседател. Така, Зеленски нема законодавни овластувања да ја принуди на оставка владата пред предвремените парламентарни избори на 21 јули.

Гројсман е премиер на Украина од 14 април 2016 година.